Македонските натпреварувачи од Танцовиот спортски клуб „Ритам Плус“ – Скопје учествуваа на Меѓународниот танцов спортски натпревар „WDSF TDF“, што се одржа во Солун.

Танчерите остварија исклучителни резултати и се закитија со признанија.

Успесите кои ги постигнаа уште еднаш потврдија дека македонските натпреварувачи заслужуваат сериозна поддршка, бидејќи нивниот квалитет го препознаваат и меѓународните реномирани судии, лиценцирани од Светската спортска танцова федерација, информираат од ТСК „Ритам Плус“.

Сашка Колеска освои прво место во категоријата латиноамерикански танци, соло – возрасни. Мила Димовска го освои третото место во категоријата латиноамерикански танци, соло – возрасни.

Ана Колевска го освои второто место во категоријата латиноамерикански танци, соло – пионери 2.

Арсениј Шаповалов и Теодора Стојановска освоија второ место во категоријата латиноамерикански танци, танцови двојки – млади младинци и четвртото место во стандардни танци.

Лука Димовски и Ана Колевска освоија второ и трето место во својата старосна група пионери 2 во категориите стандардни и латиноамерикански танци.

Ана Јанческа се пласираше во финале во својата категорија и го освои седмото место. Глорија Синколова, како што наведуваат, беше одлична на своето прво претставување надвор од нашата држава по минатогодишниот успех во Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.