Верниците од католичка вероисповест утре ја прославуваат  „Ноќта на вештерките“ или „Халовин“.

Овој празник особено привлечен за помладата популација кај нас, која е маѓепсана од обичајот на маскирање на тој ден иако малкумина знаат дека и ние имаме сличен празник кој се вика „Поклади“.

Српскиот етнолог Александар Репеџиќ објаснува дали постои поврзаност меѓу обичаите поврзани со Ноќта на вештерките кои се популаризирани во светот и нашите обичаи на Балканот.

Секако, има некои сличности, а главната е во – маскирањето. Слично е и да се оди од куќа до куќа, што е обичај и во двата случаи. Меѓутоа, Ноќта на вештерките го одбележува Денот на сите светци (31 октомври), односно денот на сите починати, а нашите карневали и карневалски обичаи на некој начин имаат поинакво значење. Циклусот на обичаите кај нас започнува од јануари и трае до  велигденскиот пост. Воедно, овие обичаи се разликуваат од крај до крај според тоа кога и на кој начин се празнуваат – нагласува етнологот Репеџиќ.

Што се Поклади

Стар обичај кој е христијанизиран и има за цел да обезбеди плодност во текот на целата година на почетокот на новиот годишен циклус кој започнува во јануари кога се продолжува денот, а природата и се останато влегува во нов годишен циклус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.