Турскиот глумец Озџан Дениз (50) се ожени со модната дизајнерка Самар Дагдар. Тие деновиве се на меден месец во Дубаи, пренесуваат турските медиуми.
Се запознале на почетокот на 2021 година, а се венчале на крајот на јануари годинава. Самар е дизајнерка од Иран, и е 23 години помлада од турската ТВ-ѕвезда.
Глумецот, познат по повеќе турски серии, важи за заводник со турбулентен живот. Во 2018 година тајно се ожени со Фејза Денис со која доби и дете. Тие се разведоа само една година подоцна, па имаа долга судска битка за старателството над нивниот син Кузеј.
– Го гледам син ми четири пати месечно. Тоа не е доволно ниту за мене, ниту за мојот син. Сега 10 дена се немам слушнато со него. Денеска му е роденден, ниту можам да го видам, ниту да го чујам. Барам од судот – доделете ми апсолутно старателство над него. Ова ми го уништува животот, не можам веќе да го правам ова, изјави Денис неодамна во Судот.
На крајот, судијата ѝ додели старателство на мајката, но бројот денови што таткото може да ги мине со својот син бил зголемен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.