Дури 36 од 54 видови ајкули и ражи што живеат во Јадранот се загрозени, предупредуваат од Светската организација за заштита на природата „ВВФ“ (WWF) по повод Светскиот ден за подигање на свеста за ајкулите.
Загрижувачки е и тоа што популацијата на ајкули и ражи континуирано се намалува, додека три видови се сметаат за изумрени.
Некои критично загрозени видови, како Pteromylaeus bovinus, сè уште се без никакви мерки за заштита или управување, а постојаното одложување на конкретни активности предизвикува постојан ризик за загрозените видови, со што се загрозува долгорочната одржливост на рибарството и здравјето на морските екосистем, предупреди ВВФ Адрија.
Загрижувачки е и податокот дека 58 отсто од сите видови ајкули и ражи се загрозени во Медитеранот, кој е дом на најголемиот број загрозени видови ајкули и ражи во светот. Средоземното Море и најбргу се загрева, па опасноста од исчезнување на овие морски животни дополнително се зголемува.
Во извештајот се додава дека важноста на ајкулите и ражите во Средоземното Море е повеќеслојна. Некои видови ражи дејствуваат како инженери за живеалишта затоа што за време на пливањето тие креваат песок од дното со перките, со што создаваат микро-живеалишта за други помали морски организми и им помагаат да најдат храна.
Други видови ги пренесуваат хранливите материи од еден во друг слој на морето, а со тоа го зголемуваат богатството на животот во морето, додека некои видови директно влијаат на ублажување на последиците од климатската криза со складирање на јаглерод во нивните организми, вели Патрик Крстиниќ од ВВФ Адрија.
Од организацијата истакнуваат дека неодамнешните обврзувачки одлуки на Светската земјоделска организација на ОН даваат надеж за зачувување на морските екосистеми, но медитеранските земји мора да преземат водечка улога во управувањето со рибарството.
Притоа, неопходно е да се распределат соодветни ресурси за управување со рибарството, да се обезбеди постојано собирање податоци и следење на состојбата со загрозените видови и вклучување на сите засегнати страни, особено рибарите, во формирањето на новите мерки за управување.
Само така можеме заедно да ги зачуваме важните живеалишта за ајкулите и ражите и да го обезбедиме нивниот опстанок, нагласуваат од ВВФ Адрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.