Пред точно три години водителката Деа Ѓурѓевиќ доживеа страшна сообраќајна несреќа во која автобусот целосно ја откорна нејзината рака.
Таа неодамна за медиумите проговори за денот кога можела да го загуби животот, а откри и непознати детали.
Успеав да закочам, но девојката позади мене не. Ме удри, излегов, а потоа на мене налета автобус тежок 12 тони. Не бев свесна дека сум голема мотивација за другите, но мило ми е што се занимавам со оваа професија. За се што ми се случи зборувам искрено и отворено – се присети Деа во својата исповед во емисијата „Премиера“, а потоа продолжи:
Излегов од автомобилот, ги вклучив сите четири трепкачи, девојката ме удри одзади, сакаше да не викаме полиција и да го плати тој браник, но јас и реков: „Се е во ред, само те молам дојди до тротоарот. Да не го кажев тоа, можеби немаше да биде жива, којзнае. Се сеќавам само како таа рече: „Внимавај!“ Беше морничаво! Возачот се враќаше во рикверц, а мојата рака беше таму…мозокот не може да го прифати тоа, а болката е огромна за да ти уништи мозок! Имав среќа во несреќата, во близина имаше брза помош, па тие дојдоа многу брзо, раскажува водителката.
Потоа се присетила на детали од болницата и моментот кога пријател не ја препознал, бидејќи била во толку лоша состојба.
Ми пријде пријателот додека лежев во кревет, не ме препозна и ми се обраќа со „Девојко“, му велам: „Човеку, јас сум Деа“, тој почнува да плаче. Кога почна да плаче, го прашувам: „Дали е толку лошо?“ „И повеќе отколку што можеш да замислиш.“ Тој момент ми беше многу тежок, бидејќи добив потврда од еден пријател дека сум многу лошо. Ми рече знаел дека ќе преживеам бидејќи сум зборувала “200 на час“. Преживеав затоа што ме ставија на даска за ‘рбетниот столб, да не ме ставеа ќе останев во инвалидска количка, немаше да можам да одам поради скршена кичма, вели Деа, додавајќи:
Тоа се неколку секунди кои тогаш не ми беа важни, но некои работи воопшто не ги разбираш и не знаеш во каков проблем си. Ги молев сите да ми дадат нешто против болката, никој не ми даде било што затоа што се плашеле од внатрешно крварење. Страшна болка имав, ми ја ампутираа раката над лактот. Го раскажувам ова за да им покажам на луѓето што значи секунда во сообраќај. Секунда невнимание може целосно да промени нечиј живот. Бев на интензивна нега три ипол месеци и бев во многу тешка состојба скоро три месеци. Се искомплицира, имав две клинички смртни случаи, можев да ја движам само главата, имав големи повреди, а јас бев свесна за се, вели Деа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.