Трето традиционално искачување на Скала! Јанче-Галичник! 28.01.2023 година, информираа на својата фејсбук страна од ГалИцко Фестивал.
Драги Галичани и пријатели на Ицко!
Дојде време и оваа година да ја искачиме Скала во спомен на нашиот другар DJ Ицко.
Дадовме ветување дека споменот за Ицко ќе го одржиме жив и со таа цел го најавуваме третото традиционално искачување преку Скала до Галичник што ќе се одржи на 28.01.2023г.
Се надеваме дека времето ќе нè послужи и дека и овој пат ќе наздравиме на Укален и ќе го спомнеме Ицко, како што тој со неговите пријатели го правеше тоа секоја година на Атанасовден.
НАПОМЕНА: Сите коишто се заинтересирани да се вклучат на оваа планинарска тура треба да имаат психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови.
Турата е предвидена да биде дводневна за сите кои имаат куќи во Галичник, а за останатите заинтересирани, со претходна резервација, гостилницата „Баба и Деде” ќе може да прими одреден број гости на ноќевање. Контакт телефон за резервации: Гордана Бекриќ 070 209 403.
Поаѓањето од Јанче е во 10ч.
Планинарската тура ќе биде под надзор на Планинарски спортски клуб Бистра од Гостивар Planinarski Sportski Klub “Bistra” – Gostivar со лиценциран водич Горан Филипоски.
Контакт тел:
Горан: 071/228 511
Вики: 075/605560
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.