Планинарски клуб „Љуботен“ од Тетово в недела на 28 мај по 41-ви пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв, највисоката точка на Шар Планина. ПК „Љуботен“ ги кани сите друштва и клубови да учествуваат на искачувањето, а потсетуваат дека пријавувањето трае е до 23 мај.
Искачувањето на Титов врв само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во Македонија. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и нѐ претставува пред меѓународната јавност, истакнувајќи ја грижата за здравјето, зачувувањето на природата и стремежот кон одржливо живеење и развој, порача Јован Божиноски, претседател на ПК „Љуботен“.
Во сабота на Попова Шапка се предвидени неколку активности како акција за чистење, планинарски базар, квиз на планинско знаење и проекција на планинарски филм.
Тргнувањето во недела 28 мај почнува од 06:30 часот со тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по Вакуфска Патека. Очекувано пристигнување на Титов врв е во 11 часот, додека тргнување за назад во 12 часот, информира Божиноски.
Планинарите индивидуално треба да се понесат храна, предвидена за планинарска тура до 10 часа, како и да имаат соодветна планинарска опрема за во зимски услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.