Тиктокерката по име Шајлин Мартинез од американската сојузна држава Ајдахо открива како се погрижила и обезбедила околу тоа нејзиниот свршеник да не ја изневерува.
Мојот вереник штотуку потпиша правен документ што го заверивме и на нотар, каде што се вели дека, доколку тој некогаш ме изневери, ќе мора да ми ги плаќа сметките до крајот на животот. Значи, ако ме изневери, се зае**л! – вели девојката во видеото на Тик-ток, кое има над осум милиони прегледи.
Идната невеста додава дека тоа е „паметно и моќно и вистински божји дар“ оти нејзиниот свршеник лично го напишал документот.
„Ова е убедливо најпаметното нешто што сум го слушнал“, „Може ли да ни испратите линк со ПДФ од тој документ“ – гласат дел од коментарите.
Мартинез додава дека нема да ги открива подробностите од тој договор и оти тоа било „многу романтичен гест“ од нејзиниот свршеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.