Телото на Мемет Камбер не е погребано три недели, што е веќе долг период. Станува збор за еден лавиринт од проблеми за кои сè уште не може да се изнајде решение, од ДНК анализи до Обвинителство, меѓутоа телото сè уште не е предадено на роднините, истакна Марија Сулејманова од НВО „Ромалитико“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Доколку овој проблем не биде решен до среда, ќе излеземе на протести“, изјави Сулејманова.
Телото на младиот Мемет Камбер, како што откри Сулејманова, се наоѓа на КАРИЛ.
„Покрај овој случај, треба да истакнеме дека протест е наменет за изнаоѓање и на системски решенија за сите вакви проблеми што постојат во нашата држава. Ова не е проблем од вчера, ова не е единствен проблем. Ова е проблем кој што се провлекува повеќе години, над 15 години и станува збор за неколку категории на лица, би рекла четири – лица кои немаат прв извод од матична книга на родени, лица кои имаат посебен избов од посебната матична книга на родени, лица кои немаат државјанство и лица кои немаат лична карта“, посочи Сулејманова.
Сите тие, како што нагласи, се различни случаи кои треба да се решат, кои бараат законски измени и кои што се нотирани од повече институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.