Австралијката Ени Најт (26) добила отказ кога нејзините работодавци дознале дека има профил на платформата за експлицитни содржини „Онли фанс“, а потшто, пак, и овозможило слободно да зборува за своето минато.

Таа во „The Kyle and Jackie O Show“ открива дека во текот на една година спиела со 300 мажи, но и дека во еден ден успеала да има интимни односи со пет мажи.

Потоа се чувствував моќно. Интимните врски прават да се чувствувам добро. Тие се наменети да направат да се чувствуваш добро“, вели Најт.

Во радио програмата таа открива дека спие и со мажи и со жени, а многу од своите сексуални партнери ги запознала на интернет. Има и „редовни“ љубовници, кои ги поканува секогаш кога може.

Најт неофицијално ја носи титулата на жената која имала најмногу интимни врски во Австралија и за која експериментирањето во сексуална смисла нема крај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by annie knight (@anniekknight)

Сепак, една од нејзините животни анегдоти не е толку убава. Работодавците дознале дека Ени има профил на платформата „Онли фанс“, поради што добила отказ.

Последното нешто што сакав беше да добијам отказ ако некој ги најде моите „Онли фанс“ содржини. Имаше листа од три причини зошто бев отпуштена, изјави таа неодамна за СБС Инсајт“.

Таа истакнува дека била многу вознемирена и многу лута поради одлуката на нејзината компанија.

Тие рекоа дека не сум ги информирала дека имам споредна работа, дека не барам дозвола од компанијата да водам споредна работа и дека имам фотографии кои се против правилата на компанијата“, вели таа.

Ени веќе не се навраќа на минатото, а сега заработува по 1.000 евра дневно од претплати на „Онли фанс“, пишува „Пост“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.