Смртноста од горештините во Европа до крајот на векот би можеле да се зголемат тројно, со најголем пораст во јужноевропските земји како Италија, Грција и Шпанија, покажуваат најновите истражувања, а пренесува Гардијан.
Студот убива повеќе луѓе отколку топлината во Европа, а некои тврдат дека климатските промени ќе бидат од корист за општеството со намалување на тие смртни случаи. Сепак, една студија објавена во списанието Lancet Public Health откри дека бројот на смртни случаи поради топлина значително ќе се зголеми поради се поекстремните временски услови и чувствителноста на луѓето, пред се постарите, на високи температури.
Ако глобалното затоплување достигне катастрофално зголемување од 3 степени Целзиусови или повеќе, порастот на смртните случаи од топлина во голема мера ќе го надмине падот на смртните случаи од студ.
Истражувачите велат дека резултатите сугерираат дека климатските промени би можеле да претставуваат „предизвик без преседан“ за системите за јавно здравје, особено за време на топлотните бранови.
Смртта поврзана со жештината може да убие 129.000 луѓе годишно ако температурите се зголемат за 3 степени над прединдустриските нивоа. Денес, бројот на смртни случаи поврзани со топлина во Европа изнесува 44.000. Но, годишниот број на смртни случаи од студ и топлина во Европа може да се зголеми од 407.000 денес на 450.000 во 2100 година, дури и ако светските лидери ја исполнат целта за глобалното затоплување од зголемување од 1,5 степени Целзиусови, покажа истражувањето.
Се предвидува дека смртните случаи од топлина и студ ќе се зголемат за 13,5% доколку планетата се загрее за 3 степени повеќе, што многу научници го сметаат за ниво на климатски колапс. Ова би довело до дополнителни 55.000 смртни случаи. Во тој случај, повеќето од загинатите би биле постари од 85 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.