Кои работи треба да се исфрлат од паричникот – одбиваат прилив на пари!

За да привлечете пари, важно е да се ослободите од негативните верувања, како и да најдете позитивен пристап кон парите. Не размислувајте само за недостатокот, долговите и неможноста да заработите, туку фокусирајте се на начини како да го умножите изобилството што го заслужувате.

Според фенг шуи и верувања од различни култури, се верува дека одредени работи што многумина ги носат во паричникот ја одбиваат енергијата на парите. Фенг шуи сака ред, чистота, организација, слободен простор, па ако сакате да привлечете подобри финансии исфрлете го следново:

Искинати, дотраени, валкани сметки
Сето тоа води до неред и непочитување на парите. Се верува дека складирањето сметка во паричник само привлекува дополнителни трошоци.

Скршени работи, предмети
Скршен накит, обетки, откинато копче… Веројатно паричникот е најпогодното место за привремено складирање на вакви работи, но за енергијата на парите, скршените работи се многу лоши.

Сушени растенија, трева, цвеќиња
Многумина веруваат дека носењето сува детелина со четири листови во паричник привлекува пари, но всушност е спротивното. „Мртвата“ енергија ќе донесе стагнација во протокот на пари.

Миризливи кеси
Парите имаат своја арома и свој мирис. Не треба да ја мешате со други мириси.

Секакви белешки, хартии
Тие го нарушуваат хармоничниот проток и ритам на парите.

Кредитни картички, картички за попуст кои ретко ги користите
Подобро е картичките да се чуваат посебно во друг паричник или чанта, акумулацијата на картички може да го блокира приливот на добра финансиска енергија.

Шопинг листа
Секоја листа на работи на кои треба да потрошите пари само ќе ја одбие нивната енергија.

Уплатници
Долгот е многу лош за енергијата на парите. Згора на тоа, чувањето на сметките, особено неплатените сметки и уплатниците покрај пари носи ненадејни трошоци и одлив на парична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.