Гугл ја објави листата на најпребарувани поими за 2022 година на која се јавуваат и поими кои ќе изненадат многумина.

Wordle е терминот кој се рангираше на прво место по пребарувања оваа година во светот. Се работи за игра со погодување зборови која стана исклучително популарна во последно време. Целта на играта е да се погоди збор од пет букви во шест обиди. Се чини дека милиони луѓе ширум светот ја играа оваа игра, или пак се интересираа да добијат повеќеинформации за неа.

Њујорк Тајмс ја купи Wordle на крајот на јануари оваа година.

Вториот најпребаруван термин на Гугл беше Индија против Англија. Индискиот крикет тим ја обиколи Англија во јули 2022 година за да одигра три меѓународени натпревари во еден ден (ODI) и три натпревари на Twenty20 International (T20I) против англискиот крикет тим. Поради некоја причина, милиони луѓе ширум светот беа заинтересирани за ова.

Третиот најпребаруван термин беше Украина. Во февруари оваа година започна руската агресија против Украина и милиони луѓе ширум светот бараа информации за војната.

Четвртиот најпребаруван поим на Гугл беше кралицата Елизабета, која почина во септември оваа година. Церемониите по нејзината смрт беа следени од милиони луѓе ширум светот, а интересот за нејзиниот живот и за кралското семејство вртоглаво порасна. По смртта на Елизабета II. нејзиниот најстар син Чарлс стана крал. Ваков тип на церемонии повеќето Британци никогаш не виделе бидејќи последен пат такво нешто се случило во 1952 година, а истото важи и за љубопитните гледачи ширум светот.

Петтиот најпребаруван поим исто така беше поврзан со крикет. Индискиот крикет тим и неговиот дуел со јужноафриканскиот тим беа масовно пребарувани.

Нaјпребарувана личност за 2022 година беше Џони Деп, а Новак Ѓоковиќ стана најпребаруваниот спортист по неговите авантури во Австралија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.