Инфомедијата е метафора која опишува како дезинформацијата може брзо да се шири од човек до човек, и како вирусно заболување може да влијае на нив, нивните одлуки и постапки“, рече Жизел Бејкер, потпретседателка на компанијата Филип Морис Интернешнел за соработка со научната заедница, на втората по ред конференција Горлив проблем, на која беше опфатена темата – Rethink: Decoding Misinformation (Преиспитај: Декодирање на дезинформациите).

„Значењето на таквите (дез)информации е посебно големо кога ќе го земеме предвид фактот дека врз основа на нив луѓето донесуваат одлуки важни за нивното здравје. Ние во Филип Морис сакаме да влијаеме на повеќе од милијарда пушачи ширум светот да престанат да пушат, или да пронајдат алтернативни, помалку штетни решенија. Во таа мисија, неопходно е луѓето да добиваат научно потковани и точни информации, врз основа на кои ќе донесат информирани одлуки кои позитивно ќе влијаат на нивното здравје. Како конкретен пример, Жизел Бејкер го наведе фактот дека никотинот, чадот од тутунот, пушењето и цигарите се поими кои се целосно испреплетени во главите на поголем дел од луѓето, што е погрешна перцепција која потекнува од пред дваесетина години, кога единствен начин да се користи никотин беше палењето цигара и неговото вдишување низ чадот од тутунот. Денес знаеме дека таа перцепција е погрешна и дека постојат подобри решенија. „Сите сме свесни дека никотинот предизвикува зависност и не е ослободен од ризик, но научно е докажано дека никотинот не е главна причина за болестите поврзани со пушењето. Главниот проблем е тутунскиот чад, кој настанува како последица на согорување на тутунот. Поради тоа е важно на луѓето да им се понудат алтернативни, помалку штетни производи, бидејќи науката и иновациите се дел од многуте резлични решенија за овој проблем – како да се користи никотинот, без внесување на поголем дел од останатите штетни материи кои со себе ги носат класичните цигари“, изјави Бејкер, обраќајќи им се на претставниците на експертската јавност, медумите и учесниците во проектот Горлив проблем, на конференцијата одржана во Црна Гора.

Но, не е секогаш лесно да се променат навиките, кои многумина ги имаме и ретко ги преиспитуваме, рече кардиологот, д-р Един Бегиќ, истакнувајќи дека и покрај постоењето на јавни кампањи кои сугерираат неопходност на промената на животниот стил, популацијата тоа тешко го усвојува, иако фармаколошката терапија (со лекови), без нефармаколошка (промена на животниот стил, редукција на внес на сол и шеќер, секојдневна физичка активност, престанок на конзумирање цигари и алкохол), не е адекватна. Наброено, ги претставува факторите на ризик што може да се модифицираат. Задолжителниот престанок на пушењето, во кој било момент, донесува ебенфит за поединецот, посебно во секундарната превенција, по кардиоваскуларен инцидент. Ако самиот срцеви удар не оставил голема последица на пациентот, и ако истиот може да ги извршува своите секојдневни активности, и покрај иницијалниот престанок на пушењето, во период од шест месеци, дури и до 90 проценти од пациентите се враќаат на навиката на конзумирање цигари. Во тој случај, лековите (па и оние што се дел од современата медицина, односно најскапите) и целите терапии кои се оптоварувачки и за пациентот и за здравствениот систем немаат многу смисла“, истакна доктор Бегиќ.

Токму кај овие пациeнти, кои имаат предизвик да престанат со пушење, важна улога може да има преминот од традиционалните цигари на алтернативни производи. „Технологијата на загревање на тутунот е смислена како вид на алтернатива за оние кои не можат да ги остават цигарите, и лекарите и истражувачите мораат да обратат внимание и да се информираат кои се нивните вистински бенефити во однос на конвенционалниот производ. FDA (Американската агенција за храна лекови) потврди дека овие производи емитуваат помалку штетни материи, посебно во светот на атеросклерозните крвни садови. Во тој FDA документ ќе прочитате и дека со користење на овој вид алтернативи настануваат потенцијално штетни материи и и тоа сите го знаеме, но нивниот квантитет е значајно помал“, рече д-р Бегиќ, нагласувајќи дека докторите би требало да го прочитаат барем овој документ, за да бидат адекватно информирани при советувањето на своите пациенти.

Но и кога знаат, а најчесто знаат што е добро за нив, а што лошо, луѓето се држат до своите обрасци на однесување. Психотерапевтот и едукатор, Лео Иванишевиќ рече дека мозокот сака црно-бели решенија. „И кога ги имаме сите вистински информации, тежнееме да ги отфрлиме, доколку не се согласуваат со нашите ставови, нашите емоции ќе ги искриват фактите за да бидат во согласност со она во што веруваме и за на крај да не мораме ништо да промениме. И во тоа искривување на фактите сме многу креативни – се трудиме да си објасниме зошто пушењето е добро, избегнуваме одговорност, така што се убедуваме себеси дека тоа е посилно од нас, го пренагласуваме антистрес ефектот од пушење итн. Од друга страна, исправните информации ги дискредитираме, ги доведуваме во прашање изворите, тврдиме дека се работи статистика неприменлива на поединец, дека се работи за завера, за промена која за нас би била неподносливо стресна… Токму поради тоа, често е неопходно да се понуди средно решение – ако од лицето бараме да се откаже од нешто, мораме да му понудиме нешто за возврат. Го учиме да ја толерира амбиваленцијата. Сите знаеме дека апстиненцијата е најдобро решение да се ослободиме од некоја зависност, но апстиненцијата е перфекционистички идеал – мораш да заборавиш на никотин или шеќер, сега и до вечноста, или во спротивно ќе умреш. Тоа е голем притисок од кој нашата психа се брани. Затоа за многумина, намалувањето на штетноста е единствен начин да направат нешто добро за своето здравје – некогаш е минливо, некогаш трајно решение, но секако е чекор во добар правец.

„Четири приказни за уметничка пакост“ беше името на последната сесија, која ја водеше Стив Чепмен, мислител, писател, уметник, чии ликовни дела и концептуални проекти се претставени на седумте континенти (вклучувајќи го Антарктикот). Стив направи 100 епизоди на подкаст без зборови, анти Ted Talk, на кој зборуваат луѓе кои не се експерти во таа област, организираше читачки клубови на книги кои никогаш не се напишани… И што е заедничко за овие потфати? Привлекоа големо внимание на јавноста и ја „свртеа реалноста наопаку“, со главна цел да го истакнат значењето на иновативниот начин на размислување во сите сфери на животот. „Пред се, важно е да почнете кога се уште не сте подготвени, да се охрабрите да ја свртите реалноста и да ги измените постоечките платформи низ пронаоѓањето на алтернативни, средни патишта, а сето тоа „танцувајќи“ со пречките на патот кон иновацијата“, истакна Чепмен.

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.