Поволните каматни стапки и растот на берзата годинава ги поттикнаа германските граѓани да штедат и да инвестираат во акции и инвестициски фондови.

Ова го покажува истражувањето спроведено од агенцијата Кантар за здружението на националните банки BdB.

Меѓу 1.000 испитаници, 73 отсто рекле дека инвестирале во акции или инвестициски фондови во 2023 година, во споредба со 53 отсто минатата година, а 58 рекле дека се задоволни од успешноста на инвестицијата. Една година претходно тој удел беше 30 проценти.

„И покрај добрата година на берзите, релативно малку луѓе инвестираат во акции и фондови“, рече извршниот директор на BdB, Хајнер Херкенхоф.

Особено беше популарно штедењето по видување и покрај понискиот принос.

Во наредната година 37 отсто од испитаниците планираат да направат такви заштеди, додека 29 и 27 отсто од нив имаат намера да инвестираат во акции или инвестициски фондови.

Очекувањата за 2024 година ги обесхрабруваат инвестициите во недвижен имот, злато или заштеди со фиксна камата.

„Мнозинството од 70 отсто изјавија дека безбедноста на инвестициите е важен фактор во нивната одлука за парите. Таа останува приоритет за повеќето инвеститори“, рече Херкенхоф.

Во исто време, „третина од граѓаните сега можат да замислат инвестирање со поголем ризик за поголема заработка“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.