Бев многу лошо момче, напиша британскиот пилот Мајк Битон во порака до својот пријателка стјуардеса. Недолго по испраќањето на таа порака добил отказ, пишува Сан.
Битон имаше преседнување во Јоханесбург, Јужна Африка,а утредента требаше да биде копилот на летот на Бритиш Ервејс за Лондон, но тоа не го спречи лудо да се забавува…
Излегол, пиел, сретнал разновидна група луѓе, испил уште малку, завршил во стан, каде шмркал кокаин од градите на млада девојка…
– Девојките танцуваа топлес, а и јас се соблеков. Потоа дебатиравме од чии гради би било најдобро да се „повлече“ линија – напишал Битон, оженет татко на едно дете, во пораките до пријателка стјуардеса.
Тој завршил во кревет со една од дамите. Поради кокаинот, како што напиша, ова траело со часови…
А утрото се разбудил, не баш свеж, и се упатил кон аеродромот. Сепак, тој не можел да се качи на летот. Пријателката стјуардеса го пријавила неговото однесување на претпоставените, загрижена за безбедноста на патниците во авионот.
Компанијата на крајот морала да го откаже летот, што ги чинело околу 100.000 фунти, а Битон се врати во Лондон следниот ден како патник на летот. На аеродромот добил тест за дрога, кој покажал присуство на кокаин, а пилотот добил отказ.
– Никогаш повеќе нема да работи како пилот – рекоа неговите сега поранешни работодавци, додавајќи дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.