Модната недела се уште трае во Париз, каде најпознатите модни куќи ги претставуваат своите колекции за есен-зима 2024/25, а меѓу нив е и Шанел. Во оваа прилика, челниците на Шанел решија да снимат краток, црно-бел филм, во кој главните улоги им беа доделени на едни од најголемите ѕвезди на денешницата.

Преку своето име, Шанел реши да оддаде почит на класиката на француската кинематографија од 1967 година. Станува збор за филмот на Клод Лелуш „Un homme et une femme“, кој таа година освои два златни Оскари, за најдобро сценарио и најдобар странски филм.

Во тоа време, Anouk Aimée и Jean-Louis Trintignant беа во главните улоги, а речиси шест децении подоцна, култните сцени од филмот, под раководство на холандската уметничка двојка Inez & Vindooh, ги играа Бред Пит и Пенелопе Круз.

Филмот, кој трае нешто повеќе од една минута, за неколку часа е прегледан 12.000 пати, а му оддаде почит и на Довил, местото каде што Коко Шанел ја отвори својата прва продавница, а интересно е што токму таму започна ревијата на Шанел на модната недела во Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.