Пролетта е во воздухот и сега е вистинското време целосно да го исчистите домот.

(фото: Пиксабеј)

Ослободете се од задушливиот воздух и непријатните миризби. По долгата зима со затворени прозорци, време е да пуштите малку свеж воздух внатре. Отворете ги сите прозорци и дозволете му на воздухот на циркулира низ вашиот дом. Ако имате теписи, однесете ги на перење, со што ќе се отстранат нечистотиите, флеките и непријатните миризби кои се наталожиле во зимските месеци.

Направете нов распоред. Дали дневната соба ви делува досадно? Сменете им го местото на работите и веднаш ќе биде поинаку. Некогаш тоа е се што е доволно за вашиот простор да делува ново и поотворено.

(фото: Пиксабеј)

Збогатете го влезот. Ставете масичка во ходникот и на неа ставете рамка со слика и декоративна вазна. Вака секој што ќе влезе ќе се чувствува добредојдено.

Ставете свежи цвеќиња. Ова е лесен и евтин начин да го живнете просторот. Изберете сезонски цвеќиња и ставете ги во вазна – дневната веднаш ќе изгледа посветло.

(фото: Пиксабеј)

Направете ја спалната соба ваше засолниште. Во оваа соба го започнувате и завршувате вашиот ден, па затоа таа треба да биде вашата оаза. Купете нова постелнина со шари и бои кои делуваат смирувачки. Обојте ги ѕидовите во различни бои доколку сакате да го смените нивниот изглед, или пак закачете нова слика.

Исчистете го нередот – еден по еден плакар, една по една фиока. Не постојат реални шанси да ја средите целата куќа за еден ден, па затоа поделете ја работата на помали задачи со тоа што ќе одберете една област дневно за средување. Дури и ако ви треба цел месец за да ја поминете целата куќа, чувството на успех на крајот е загарантирано.

Купете нов тепих. Тепихот е одличен начин да додадете топлина и карактер на собата. Одберете светли бои доколку имате темни дрвени подови, или пак одлучете се за шарен тепих кој ќе му даде на просторот свежина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.