Американската учителка Аби Хенсел (34), која е сијамска близначка и го дели своето тело со нејзината сестра Бретани, се омажи за Џош Боулинг во 2021 година, a сега се појавија фотографии и видеа.

Родени на 7 март 1990 година во округот Карвер, Минесота, Абигејл Лорејн Хенсел и Британи Ли Хенсел се редок случај на споени близнаци кои преживеале раѓање. И покрај сите тешкотии, нивните родители се труделе на своите девојчиња да им обезбедат се што имале и доживеале сите други деца, а можеби и повеќе.

heidi-bowling-1-830x0.jpg

Тие го делат телото – од половината надолу, а сите нивни органи – цревата, мочниот меур и репродуктивните органи се заеднички. Тие имаат два пара бели дробови, две кичми, три бубрези и две одделни срца во целосно заеднички циркулаторен систем.

Врската на Аби со Џош, кој е татко на едно дете од претходниот брак, досега не беше толку разоткриена, бидејќи близнаците во последните 10 години водат помирен живот, далеку од центарот на вниманието.

сс.jpg

Близнаците носеа венчаница без ракави со детали од тантела, додека младоженецот во сив костум. Снимката, за која се верува дека ја снимил еден од нивните гости, е споделена на социјалните мрежи и ги прикажува близнаците и младоженецот како уживаат во танцување на најдобриот ден од нивниот живот.

Фејсбук страницата на Џош покажува дека семејството ужива во прошетки во природа, сладолед, одмори и костими за Ноќта на вештерките.

Тие ја чувствуваат само својата „страна“ на телото. На пример, ако Аби се повреди, Британи не го чувствува тоа, и обратно. Ова исто така значи дека тие можат да контролираат само половина од заедничкото тело. Следствено, нешто што здравиот човек го зема здраво за готово секој ден, како едноставно одење, бараше многу труд и вежбање за овие девојки.

Бидејќи нивното тело е комплициран систем, тие требаше да научат како да го користат. Дури и лазењето им беше комплицирана задача.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.