Во „Јавна соба“ денеска ќе се одржи работилница за редизајн на ранец која се реализира во соработка со „Литература.мк“ и е наменета за млади креативци и талентирани дизајнери. На работилницата ќе има 20 учесници за кои повикот траеше до 10 октомври.
Под менторство на познатата модна креаторка и професорка Лидија Георгиева, тие ќе редизајнираат ранци, инспирирани од темата на годинашното издание на Skopje Design Week „Чиста мобилност“ како напреден пристап кон почиста, подобра и поефикасна непосредна околина, земја, континент. Во рамките на работилницата дополнително ќе се работи и на редизајн на маица, соопштија организаторите.
Редизајнираните ранци и маици ќе бидат изложени во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ за време на претстојното издание на „Skopje Design Week“, од 6 до 11 ноември. Изложбата ќе биде од продажен карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.