На добро познатата локација, Конак-Попова Шапка, со добро позната енергија и оваа година „ПроШарај 2024“ ќе биде место за викенд уживање со збогатена содржина распределена во два дена.

Покрај стандардните активности како базарот на ракотворби, музички настапи и планинарска тура, оваа година програмата е надополнета со:

Панел дискусија на тема спорт, планина, перформанси и здравје, со личности кои ќе ги споделат своите искуства и љубов кон планината
Тинејџерски шарпланински камп
Проекција на планински филмови
Еко акција за чистење на околината на настанот,
Планинарска тура со електрични велосипеди
Креативни работилници за возрасните



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.