За време на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, a преку интервенцијата „Проѕирниот човек“, Гете-институтите во Југоисточна Европа им се обраќаат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост и препознавање на феномените како сајбер-булинг, идеали за убавина, лажни информации и онлајн зависност.

Со прес-конференцијата утре во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе се означи официјалниот  почеток на интервенцијата „Проѕирниот човек“.

На прес конференцијата ќе зборуваат Анке Холштајн – Амбасадорка на Сојузна Република Германија, Адмирим Алити – Министер за информатичко општество и администрација, Филип Стојановски – Директор за партнерство и развој на ресурси од фондацијата Метаморфозис,  Катрин Оствалд-Рихтер – Директорка на Гете-институт Скопје, Фалк Шлајхер – раководител на јазичен оддел на Гете-институт Скопје и  Гордана Бабоска – референт за образовна соработка на Гете-институт Скопје

.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.