Искачувањето на Монт Еверест наскоро би можело да поскапи, бидејќи Министерството за туризам на Непал размислува да ги зголеми таксите што странските алпинисти треба да ги платат за авантурата на највисоката планина во светот.

Според таквите планови, сегашната такса од 11.000 американски долари ќе биде зголемена на 15.000 долари во „врвот“ на пролетна сезона на искачување. Зголемувањето на цената треба да биде одобрено од Советот на министри, а би стапило во сила во 2025 година.

Монт Еверест се наоѓа на границата меѓу Непал и Кина, а планинарите можат да пристапат до него од двете земји. Сепак, дозволата за искачување е поскапа на кинеската страна.

Откако Тензинг Норгеј и Едмунд Хилари првпат се искачија на Монт Еверест во 1953 година, досега се забележани речиси 11.500 искачувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.