По снегот во текот на вчерашниот ден, во Македонија е променливо облачно и студено.
Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 5 степени.
Инаку, ледената воздушна маса пристигна од север и исток на Европа преку централна Европа и до нашите простори, но во многу поблага форма, па температурите не се толку ниски како во другите региони.
Токму ледената воздушна маса ги доведе Скандинавија и Русија температурите под -40°C во претходните денови, а почетокот на оваа недела донесе леден бран и во Централна Европа, од Германија на запад до Романија на исток и екстремно ниски температури се забележани и во Полска.Словачка, Чешка и Австрија. Во утринските часови, вредностите низ овие земји паднаа на вредности под -10°C, во Романија под -15°C и на северо-источниот дел на Полска и на северот на Украина под -20°C. . Уште постудено е во Белорусија и Русија, со вредности под -25°C.
Во исто време, студот стивнува на северот на Европа, со придвижување на потопла воздушна маса од северот на Атлантикот и Норвешкото море на север од Скандинавија, со температури во плус, додека јадрото на мразот воздушната маса се повлекува на југ од Скандинавија. Русија во наредните денови ќе ја зафати и блага воздушна маса од северот на Скандинавија, со температура околу 0°С.
Вакви ниски температури за среќа нема да се забележат во Македонија, но дефинитивно треба да очекуваме студени денови на нашите простори, но и посилен мраз во утринските часови. Сепак, се на се, времето ќе биде според календарот и нашата земја не треба да претрпи поларен шок како оној во другите делови на Европа.
Локално под -8°C наутро во наредните денови
Во Македонија ќе остане студено до крајот на неделата, на повеќе места се очекува леден ден, а максималните температури претежно ќе се движат околу 0-3°С.
Минималните утрински температури ќе бидат од -8 до -3°C.
Со оглед на тоа дека просечната максимална температура за овој период од годината е од 0 до 5°С, тие до крајот на неделата ќе бидат претежно малку под просекот или во границите на нормалата.
Во текот на неделава времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури. Денес и во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.