Почна новогодишното украсувањето на Охрид од централното градско подрачје. За украсувањето, како што претходно информираше градоначалникот Кирил Пецаков, кое ќе биде слично како и минатата година, општината издвои околу 12 000 евра заедно со бини и трошоците за новогодишната програма.

Градоначалник Пецаков, претходно потенцираше дека Охрид како туристички град што ќе го посетат огромен број туристи не може да не е украсен за Нова година.

Деталите за новогодишната програма според најавите на Градоначалникот ќе бидат соопштени деновиве.

Програмата ќе биде дводневна слично како и минатата година. Едната програма е за дочек на новогодишната ноќ, а другата е дневна програма од 12 до 14 часот на први јануари за сите кои ќе бидат на градскиот плоштад, рече Пецаков на денешниот настан за отворање на Дневниот центар за згрижување на деца со церебрална парализа.

извор: Охридњуз



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.