Кралот на новозеландскиот домороден народ Маори, Тухаитија Паки, почина утринава на 70-годишна возраст, соопшти неговиот портпарол.

Тој рече дека кралот бил во болница и се опоравувал од операцијата на срцето само неколку дена по прославата на 18-годишнината од неговото крунисување, пренесе Си-Ен-Ен.

Телевизиската мрежа соопшти дека кралот на Маорите има рак и дијабетес.

По повод смртта на кралот на Маорите, сочувство упатија премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксон, и британскиот крал Чарлс III.

Тухаитија Паки беше крунисан на 21 август 2006 година по смртта на неговата мајка, Те Атајрангикаху.

Кралот на Маорите е на чело на неколку племиња, нема судска или правна власт, но има важна церемонијална улога.

Заедницата на Маорите, која сочинува речиси една петтина од повеќе од пет милиони жители на Нов Зеланд, често се соочува со дискриминација, наведува Си-Ен-Ен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.