Почина Миодраг Костиќ, српски тајкун и еден од најбогатите луѓе во регионот. Костиќ почина на 13 ноември, соопшти компанијата МК Груп, чиј основач и претседател беше Костиќ.
Костиќ, познат во јавноста како „српскиот крал на шеќерот“, почина на 65-годишна возраст.
Со голема тага ве известуваме дека почина Миодраг Костиќ, основачот и претседател на МК Груп, кој во текот на својата 40-годишна активна професионална кариера го создаде еден од најголемите деловни системи во регионот, што го заслужи меѓународниот статус на еден од највлијателните лидери и најуспешни претприемачи во Југоисточна Европа“, се наведува меѓу другото во соопштението на компанијата.
Костиќ пред пет години се повлече од чело на компанијата, а раководните должности му ги препушти на синот Александар Костиќ, потпретседател на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.