Почина рускиот алпинист Александар Кленов, кој изминативе години живееше во Демир Капија и ја промовираше демиркаписката клисура во светот.

Демир Капија ја сакаше како родно место! Повеќе и од некои родени демиркапијци. Направи многу за неа! Почивај во мир – напиша на социјалните мрежи граѓанската активистка, доктор Кристина Николовска.

Таа потсети дека стануваше збор за човек кој бескрајно ја сака природата и ги учеше своите две малолетни деца, како и сите други луѓе, како да се сака природата и како да се води здрав живот.

Кленов пред неколку години крај железната порта изгради свој дом и одлучи каменото царство и реките Вардар, Бошавица и Дошница да бидат дел од неговото семејство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.