Моделот на Плејбој и поранешна ТВ ѕвезда Вероника Морашкина починала на 31-годишна возраст.

Руската ѕвезда починала од белодробна болест додека чекала трансплантација, соопштено е.

Локалните медиуми објавија дека таа починала во четвртокот на 18 октомври.

Според извештаите, Вероника развила тешка болест по страшната сообраќајна несреќа во 2020 година.

Имено, по несреќата Вероника останала прикована за кревет и со тешко повредена нога. Нејзиниот имунолошки систем, исто така, ослабел, и развила белодробна болест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.