Американскиот ТВ-водител Џери Спрингер, кој се прослави со своето контроверзно шоу, почина на 79 години. Тој го водеше „Шоуто на Џери Спрингер“ речиси три децении, почнувајќи од 1991 година.

Неговиот издавач потврди дека Спрингер починал мирно во својот дом во Чикаго.

Способноста на Џери да се поврзе со луѓето беше во срцето на неговиот успех во сите сфери. Тој е незаменлив, соопшти неговото семејство.

Пред да почне со телевизиската кариера, Спрингер бил градоначалник на Синсинати и советник во политичката кампања на Роберт Кенеди. Неговото дневно шоу стана симбол на евтина и сензационалистичка телевизија, а во него редовно во живо се случуваа тепачки, пцуења и признанија за неверство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.