Фотографиите кои се направен во Неготин предизвикаа големо внимание. На нив е најбогатата ромска куќа во Србија а кои се сопствениците останува непознато.

Штом ќе влезете внатре, се е мермер и стакло. Но, не каков било мермер. Станува збор за брендирани плочки, најчесто од брендот Луј Витон.

На самиот влез има импресивен ходник со скалила и посебно осветлување, како и бројни простории од кои секоја е тематска. Има соба за девојче украсена со позлатен кревет со четири постери и импресивен лустер, како и прекрасна маса за облекување.

Веднаш до неа е машката спална соба, која е целата во мотиви на Шанел,  фасцинантни плакари во комбинација од стакло и позлатени детали, додека бањата е како вселенски брод.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.