Замислете ја радоста на децата кога ќе забележат дека главните јунаци во книгата се викаат и изгледаат токму како нив. За возбудата да е уште поголема, некои од новогодишните приказни се заедничка авантура со семејството или другарчињата, велат од првите македонски персонализирани книги.

Сакајќи да му пркосат на дигиталното време, персонализираните книги се еден начин да се инспирира љубов кон читањето кај децата. За голем број семејства, овој подарок прерасна во празнична традиција. Овогодинешната книга „Патувањето со Мразо Експрес“ ќе ги однесе децата на патување со волшебниот воз, во кое ќе научат како се слави Нова година во различни држави во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.