Илјадници корисници на „Твитер“ во светот денеска пријавија проблеми со користењето на оваа социјална мрежа.

Компанијата објави дека има зголемен број грешки во апликацискиот програмски интерфејс и дека моментно го истражува проблемот, пренесува „Ројтерс“.

Апликацискиот програмски интерфејс или API е збир на протоколи за градење и интегрирање апликативен софтвер, а „Твитер“ денеска имаше значителни проблеми со својата веб-страница и со апликациите, според извештаите на корисниците.

Според некои корисници на „Твитер“, тие се спречени да објавуваат содржини на таа социјална мрежа, а други имаат проблеми да се логираат на своите профили на „Твитер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.