Пол Русабагина, херојот од холивудскиот филм „Хотел Руанда“, кој отслужува 25-годишна затворска казна во Руанда под обвинение за тероризам, во сабота ќе биде ослободен, јави денеска владин извор, пренесува Хина.
Русебагина во септември 2021 година беше осуден на драконската казна заради негови наводни врски со организација која се спротивставува на владеењето на претседателот Пол Кагаме.
Тој ги отфрли сите обвиненија и одби да учествува на судењето, за кое се изјасни дека е политички мотивирано.
Русабагина ќе биде префрлен прво во Доха, а потоа во САД, изјави владиниот извор, додавајќи дека неговото ослободување доаѓа откако самиот му напишал писмо на Кагаме, барајќи помилување.
Вашингтон го смета Русабагина за „неправедно притворен“, делумно и поради тоа што немало фер судење.
Русебагина има право на постојан престој во САД.
Гласниот критичар на Кагаме призна дека има водечка улога во опозициската група, но негираше одговорност за нападите извршени од нејзиното вооружено крило. Судиите,пак, сметаа дека двете работи не можеле да се одвојат.
Кагаме, претходно месецов, самиот призна дека има разговори за „решавање“ на судбината на Русебагина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.