Американската водителка Опра Винфри завршила во болница поради цревна вироза, а тоа го потврди нејзината пријателка Гејл Кинг во емисијата на Си-би-ес, пишува американскиот портал ТМЗ.
Рекла дека има цревна вироза и дека завршила на инфузија. Гејл Кинг открила дека стомачните проблеми довеле до често повраќање и дијареја, поради што Опра Винфри била хоспитализирана поради лекување на дехидрацијата.
Жал ми е што Опра сега не е тука со нас. Имаше некој вид на цревна вироза, работите ѝ излегуваа од двата краја. Нема да бидам премногу експлицитна. Но, ќе кажам дека заврши во болница, беше дехидрирана, беше на инфузија, така што тоа е многу сериозна работа – рекла водителката.
Се надевам дека не ми се лути што го споделив тој детаљ – додала таа, откако сликовито го опишала отсуството на Опра.
На крајот на сите гледачи им порачала дека Опра ќе биде добро. Во емисијата, наместо Опра, Гејл го интервјуирала авторот Дејвид Вроблевски, чија нова книга „Familiaris“ беше избрана за клубот за книги на Опра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.