Популарниот водител Огњен Амиџиќ и манекенката Даниела Димитровска се разведуваат по 10 години брак во кој го добија синот Матеј.

Веста ја шокираше јавноста, особено поради фактот што важеа за еден од најскладните парови за српската естрада.

На јавноста и се обратија со заедничко соопштение и ја открија причината за развод.

Сакаме да ве информираме дека одлучивме да се разделиме, а одлуката за развод ја донесовме заедно. Ние ќе останеме во пријателски односи заради интересот на нашиот син, а по овој повод нема да се огласуваме ниту да даваме изјави. За нашиот равод не е виновно трето лице, па оттука нема место за дополнителни шпекулации. Им се заблагодаруваме на сите медиуми за досегашната соработка и ве молиме да ја почитувате одлуката да не говориме ништо на оваа тема, се вели во заедничкото соопштение.

За потсетување, Огњен и Даниела се запознаа во 2009 година на снимање на неговата емисија. Симпатиите се родиле веднаш, а парот се венчаше во 2012 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.