На денешен ден, одбележуваме 100 години од раѓањето на Димитар Атанасовски- Таки. Таки е роден на 25.08.1923 година во Скопје и беше истакнат спортски рабоник. По ослободувањето бил назначен за прв претседател на фудбалскиот сојуз на град Скопје и нејзин почесен член, подоцна беше и секретар на одбојкарскиот клуб „Вардар” и организатор на манифестациите кој ги организираше Спортското друштво „Вардар” каде што се доделуваа награди и признанија за постигнатите резултати.

Богатиот спортски придонес на Таки беше одликуван со златна плакета за дадениот допринос во развојот на Спортското друштво „Вардар“ на 40 годишнината на друштвото, плакета од фудбалскиот сојуз на Скопје по повод 30 годишнината од постоењето на сојузот и заслуги во унапредувањето на фудбалот на подрачјето на Скопје, награда од Спортското друштво „Вардар“ за допринесот кој го донел во развој на локалниот спорт и уште многу други награди поврзани со развојот на спортот на територијата на Македонија.

Таки својата кариера ја посвети на развојот на одбојката и фудбалот преку Спортското друштво „Вардар“ и помогна во афирмирање и развој на ова друштво по Втората светска војна и беше дел од остварувањето на едни од позначајните резултати во овој период, како освоена, па потоа одземената титулата на Вардар во југословенското првенство.

Кога би го опишувале Таки во неколку збора, тој беше исклучително чесен,скромен, искрен и исполнителен човек. Беше семеен човек и голем другар и поради сите овие квалитети беше почитуван од тие што го познаваа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.