Станува збор за фотографија од надзорните камери. Таа била направена на 16 октомври во 16:52 часот. Очевидците изјавиле дека пејачот очигледно бил под дејство на психоактивни супстанции, а еден сведок рекол дека во еден момент Лиам почнал да се фрла на подот.
Извор за „New York Post“ изјавил дека оваа фотографија особено ја вознемирила неговата девојка Кејт Кесиди.
Секогаш кога се чини дека ова не може да биде поболно за Кејт, токму тоа се случува. Можеше да биде спасен, можеше да му се помогне, кажа изворот.
Аутопсијата утврди дека Пејн имал мешавина од дрога во неговото тело во моментот на смртта – вклучувајќи крек и таканаречен розов кокаин, мешавина од кетамин и други дроги.
Оваа фотографија од надзорните камери е дел од материјалот на истрагата за смртта на Пејн. Истражителите исто така собираат сведоштва од персоналот на хотелот, членовите на семејството, пријателите, медицинските работници, биохемичарите и психијатрите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.