Прославата на Плоштадот Македонија не беше масовно посетена, но традицијата продолжи, а забавата ја подготвија македонските музичари.

Мирна новогодишна вечер, без многу работа за полицијата и лекарите. Македонските граѓани ја дочекаа новата 2023 година, некои во домашна атмосфера, други во угостителските објекти, а некои и покрај високата концентрација на отровните честички во воздухот, сепак славеа на градскиот плоштад во Скопје.

И покрај густата магла и загадениот воздух, многумина граѓани синоќа сепак ја дочекаа Новата 2023 година на градскиот плоштад во Скопје. Иако недоволно украсен и светкав, сепак на плоштадот се собраа граѓани кои славеа со песните на музичките уметници од Здружението на естрадни уметници „Естрада”, кое за прв пат беше организатор на новогодишната забава. На полноќ имаше и огномет. Угостителските објекти беа полни, не само вечерта, туку и на дневните новогодишни забави.

Присутните во магловитата ноќ ги забавуваа повеќе домашни изведувачи, меѓу нив Наум Петревски, Дупер, Саут парк, Благица Павловска и Елена Ристевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.