Рики Валери Коле (22) е избрана за Мис Универзум Холандија. Актерката и модел ќе ја претставува Холандија на 72-от избор за Мис Универзум во Ел Салвадор.

Рики стана првата трансродова жена со таа титула во Холандија, но на светскиот натпревар таа ќе биде втората трансродова личност во историјата.

Шпанката Анџела Понсе се натпреваруваше во 2018 година.

Нереално е, но јас станав Мис на Холандија. Тоа беше едукативен и прекрасен процес, толку сум гордa и среќна што не можам да го опишам. Ја направив мојата заедница горда и покажав дека тоа може да се направи – рече таа.

И да, јас сум транс жена и би сакала да ја споделам мојата приказна, но јас сум и Рики и тоа е она што ми е важно – додала таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.