Пред точно 457 години, почина Нострадамус, францускиот астролог кој се прослави со книгата „Пророштва“, а многу негови предвидувања веќе се остварија во историјата. Напишани во строфи од четири стиха, вкупно 642, Пророштвата ја предвидуваа Француската револуција, освојувањата на Наполеон, ужасите на Адолф Хитлер…

Инаку, Мишел де Ностр-Дам е роден на 14 декември 1503 година во Франција. Докторирал по медицина во Монпелје во 1529 година и бил истакнат лекар за време на епидемијата на чума во јужна Франција. Освен медицината, страст му била и астрологијата, а напишал и астролошки алманах кој и денес се препечатува.

Објавувањето на книгата Пророштва му донесе многу успех на Нострадамус бидејќи тоа беше многу неизвесен период полн со чума и војни, поради што набрзо тој стана дворски астролог на Катерина Медичи. Починал во Франција на 2 јули 1566 година, а интересот за неговите предвидувања останува и денес.

А Нострадамус ги претстави и своите предвидувања за 2023 година, во која накратко нема многу позитивни вести. Едно од неговите големи предвидувања за 2023 година е најавата за „голема војна“, во која се издвојува реченицата:

„Седум месеци голема војна, луѓе загинати поради злото“. Многумина веруваат дека тоа се однесува токму на војната во Украина, која може да ескалира во Трета светска војна.

Дополнително, Нострадамус во своите предвидувања за 2023 година спомнал и „небесен оган на кралската зграда“, а спомнал и слетување на човек на Марс. Едно од предвидувањата што многу добро би можело да биде возможно е економска катастрофa.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.