Неколку невладини организации од Охрид со серија посети на терен преку практични примери ќе посочуваат каде не се почитуваат препораките на УНЕСКО, пишува Охриднет.мк
Денес посочија на непочитување на препораките при изградба на станбен објект за колективно домување на улицата „Јане Сандански“. Жителите на месната заедница направија и петиција, обвинуваат за изградба на габаритен објект со кој се нарушува статиката на околните куќи.
Според активистите најголемиот проблем е претераната урбанизација, преку која заради лични и биснис интереси со години се деградира градот.
Обвинуваат дека локалната и централната власт ништо не преземаат за заштита на културното и природното наследство. Се градат висококатници, кои ја надминуваат дозволената градежна површина од земјиштето.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.