Австријката Виена Вирстел од Виена не може да јаде нормално откако потрошила илјадници и илјадници евра на естетска операција за зголемување на усните.

Виена имаше и третмани на челото и образите, како и неколку операции за зголемување на градите. И покрај тоа што поради новите усни не може да јаде и пие, нема намера да ги прекине операциите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vienna (@vienna.wuerstel)

“Едвај чекам да добијам уште поголеми усни. Многу сум возбудена и многу среќна поради моите големи усни. Отсекогаш сум ги сакала такви”, вели таа.

Нејзините операции ја направија мета на многумина кои го критикуваат нејзиниот изглед. Без разлика на коментарите, Виена, која себеси се нарекува „пластичен изрод“, е горда на својот изглед и ги охрабрува сите да не се плашат да прават нешто што ќе направи да се чувствуваат посигурни во сопственото тело.

Виена моментално дели стан во Мајорка, Шпанија со Џесика, која ја нарекуваат „жената со најголеми гради во Австрија“. Џесика потрошила околу 50.000 евра на пластични операции за да стане вистинска Барбика, а закажала уште еден третман за да стави уште поголеми импланти, пишува Мирор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessy Bunny (@jessy.bunny.official)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.