„Го избравме ова место за да имаме романтично сеќавање по запросувањето. Сè се случи одеднаш“, изјави Низаметин Гурсу за локалните медиуми.

За да ја прослават својата свршувачка, 39-годишната Џесим Демир и нејзиното момче Низаметин Гурсу отишле во турскиот град Канакале каде на романтичен пикник на карпа сакале да го гледаат зајдисонцето.

Наводно, мажот се вратил во својот автомобил за да земе работи за пикникот кога слушнал вресок, веднаш се вратил за да ја види својата вереница како паднала од карпа. Жената го преживеала падот од карпата, но лекарите констатирале смрт по 45 минути.

„Го избравме ова место за да имаме романтично сеќавање по запросувањето. Испивме алкохол. Сè се случи одеднаш, таа изгуби рамнотежа и падна“, изјави Низаметин Гурсу за локалните медиуми, а пренесува магазинот „Феникс“.

Надлежните веднаш го затвориле споменатиот простор и започнале истрага.

„Сите доаѓаат овде да го гледаат зајдисонцето. Сепак, патиштата се многу лоши и нема ограда на работ на карпата. Треба да се подигне ограда, да се преземат мерки на претпазливост“, вели еден од пријателите на Џесим Демир.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.