На хуманитарна аукција во Дубаи е продадена регистерска табличка за 55 милиони дирхами (15 милиони долари), цена за која организаторите на аукцијата во Емиратите велат дека е светски рекорд.
Плочата, на која пишува само „P7“, го собори претходниот рекорд кој го држеше Саид Абдул Гафар Кури, кој ја купил регистарската табличка за 52,2 милиони дирхами (14,2 милиони долари) во февруари 2008 година на аукција организирана од истата компанија.
Од „Си-Ен-Ен“ соопштија дека се обратиле до Гинисовата книга на рекорди за да го потврдат новиот рекорд, но веднаш не добиле одговор.
Приходите од продажбата беа донирани за хуманитарната кампања „Една милијарда оброци“ предводена од шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел на Дубаи и премиер на ОАЕ, за помош на ранливите заедници ширум светот за време на светиот месец Рамазан.
На аукцијата одржана во хотелот „Четири сезони Џумеира“ биле продадени регистерски таблички и за 2.950.000 дирхами (800.000 долари) и 140.000 дирхами (38.000 долари) .
Вкупно, на аукцијата биле собрани повеќе од 71 милион дирхами (19,3 милиони долари).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.