Отсекогаш имало писатели кои треба да се читаат и што се културно значајни. Нивното место во светот и авторитетот ретко се оспоруваат, но дали навистина се дотолку исклучителни? Интернет-страницата „Старс инсидер“ нуди поинаков поглед на некои од најценетите писатели во историјата на литературата.
Ден Браун
Ден Браун е автор на „Дигитална тврдина“ (роман, 1998), натаму – „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и демони“, „Инферно“ и други приказни од ова илјадалетие, во кои глуми Роберт Ленгдон – професор по „Симбологија“ на Харвард… Но, „фората“ е во тоа што предмет „Симбологија“ на Харвард едноставно – не постои.
А, некои критичари го опишаа пишувањето на Браун како „несмасно“ и полно со непотребни подробност, па дека дури и процесот на издавање и објавување е често проследен со драматичен пресврт…
Мари-Анри Бејл, со псевдоним „Стендал“
Стендал живеел и творел во првата половина од 19. век. Тој е еден од оние автори со кои сите се фалат дека прочитале нешто од нив, а во суштина, ретко кој прочитал барем една книга… Но сепак, дали некој може да се сети на приказната и кој може да го одбрани своето восхитување од стилот на авторот, прашуваат критичарите, со оглед на неговата практика да црпи инспирација од читањето на „Граѓанскиот законик“ пред да пишува…
Џејмс Патерсон
Овој автор ја откри тајната на „беспрекорното“ создавање „книги на подвижна лента“. Тој всушност не ги пишува своите дела, според познавачите, туку ги дава своите белешки на уредниците и коавторите, а тие ја вршат работата наместо него, обидувајќи се да објават што е можно повеќе книги за што покусо време. Досега Патерсон има издадено повеќе од 200 книги.
Пауло Коељо
Пауло Коељо тврди дека историјата на светот и нашите сопствени животни приказни се напишани со иста рака… Тој, исто така, пишува дека храброста е клучот за разбирањето на јазикот на светот. Некои критичари велат дека сложените реченици на Коељо често ги тераат читателите да се сомневаат во нивното значење и смислата на кажаното…
Чарлс Буковски
Тој уште од почетокот признава дека секогаш пишувал пијан. Освен што го фали алкохолизмот и развратот, тој ги претставува жените единствено како средство за задоволување на своите сексуални нагони. Според книжевната критичарка Кјара Марфи, коментирајќи ја „Жените“ на Буковски (роман, 1978), „суровиот и интензивен јазик и бруталниот опис на телата, ликовите, сексуалните дејствија на женските ликови понекогаш се мизогинични и навредливи“. Не е изненадувачки што за многумина Буковски е „идеалниот алфа-мажјак“, кој во истовреме, на многу жени им е одбивен и одвратен.
Стивен Кинг
Можеби е крал на хорор-романите, но според некои критичари, и тој има неколку проблематични тенденции… Тука е, пред сѐ, неговата склоност кон отуѓување, како и навиката да им дава магична моќ на неговите црнокожи јунаци. И, тоа кулминира со портретирањето на Џон Кофи во „Зелената милја“ (роман, 1996) – црнец со „интелектуални потешкотии“, но и со натприродни моќи, кој „мора“ да умре за да го спаси главниот лик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.