Ви претставуваме неколку мисли на големиот Џорџ Орвел, кои и во денешно време се вистинити и одѕвонуваат како прецизна анализа на денешното општество.

– Политичкиот јазик е дизајниран со намера лагите да звучат како вистина и да се оправдуваат убиства.

– Најефикасниот начин да се уништи еден народ е да му се негира и избрише разбирањето на сопствената историја.

– Слободата е право да им се кажува на луѓето тоа што не сакаат да го слушнат.

– За оние што сакаат да управуваат со нас, војната е мир, слободата е робување, а незнаењето е сила.

– Ако сакате да сочувате тајна, тогаш мора да ја сокриете од себеси.

– Оние што го контролираат минатото, ја контролираат иднината. Оние што ја контролираат сегашноста, го контролираат минатото.

– Ако сакате да ја замислите иднината, замислете чизма како гази човечко лице – засекогаш.

– Пред луѓето со лаги се сервираат само два избора: среќа и слобода. За големо мнозинство од луѓето среќата е многу подобар избор.

– Партиите само бараат начини да се одржат на власт. Не ги интересира добросостојбата на другите, не ги интересира правдата, партиите единствено тежнеат кон моќ и власт.

– Моќта над другите значи разбивање на нивниот ум на милион делчиња, а потоа истиот тој ум се сложува и гради на начин кој им одговара на моќниците.

– Во време на универзални лаги, истражувањето на вистината е револуционерен потег.

– Национализмот е глад за моќ обоена со залажување.

– Најбрзиот начин за ставање крај на војната е да изгубите.

– Луѓето главно сакаат да бидат добри, но не предобри и не баш секогаш.

– Новинарството е печатење нешта кои властите не сакаат да излезат во печат, сѐ друго спаѓа во доменот на односи со јавноста.

– Сета воена пропаганда, сето врескање, сите лаги и омразата доаѓаат исклучително од страна на луѓето што не се борат.

– За човекот да види што му се случува пред носот, мора постојано да се бори против самиот себе.

– Никој не доаѓа на власт со мисла дека еден ден ќе си отиде од таа власт.

– Колку повеќе општеството запаѓа во лаги, толку повеќе луѓето ги мразат оние што ја кажуваат вистината.

– Глупоста е еднакво важна како и интелигенцијата, но интелигенцијата е тешка за одржување.

– Сѐ е тешко, а најтешко е да се биде нормален.

– Моќта расипува, а апсолутната моќ расипува апсолутно.

– Сиромаштијата ги ослободува луѓето од стандардното однесување како што богатството ги ослободува луѓето од работа.

– Минатото се брише за да се осигури дека никој не знае што се случило во минатото, на тој начин лагата станува вистина.

– Не поседуваме баш ништо освен неколку кубни сантиметри во сопствениот череп.

– Никој денес не може да сака целосно чисто бидејќи не постои емоција која е целосно чиста, сѐ се измеша со омраза и страв.

– Главната заповед во деспотското општество е „ти не смееш“, во тоталитаризмот е „ти мораш“, а консумерската заповед е „ти треба“.

Преземено од „Башта Балкана



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.