Одлука за избор на невеста и зет за Галичка свадба 2024

Драги галичани и љубители на Галичник,

Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.
Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка!

За многу години да им е љубовта и среќата!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.