Поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, и неговата придружничка, актерката Жули Гаје, се венчаа дискретно во саботата во градското собрание на Тул, во Корез. Тие „се венчаа во приватен круг“, соопшти градското собрание кога ја објави веста за весникот „Ла Монтањ“.

Градоначалникот на Корез, Бернар Комб, ја водеше свечената церемонија за неговиот пријател Франсоа Оланд, кого го наследи на чело на општината во 2008 година. Ова е прв брак на Франсоа Оланд (67), татко на четири деца, кои ги има со својата поранешна партнерка Сеголен Ројал.

Жули Гаје, е разведена во 2006 година, мајка е на две момчиња, а својот 50-ти роденден го прослави еден ден претходно, на 3 јуни, во Тул.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.