Кристина Сандера, која беше долгогодишна партнерка на холивудскиот актер Клинт Иствуд (94), почина на 61-годишна возраст.
Тажната вест ја потврди самиот Иствуд за „Холивуд репортер“.
Кристина беше прекрасна, грижлива жена и многу ќе ми недостига, напиша тој во изјавата што ја пренесоа странските медиуми.
Портпаролот на „Ворнер брос“ изјави за „Холивуд Репортер“ дека нема да има дополнителни информации за нејзината смрт.
Двојката наводно се запознала додека таа работела како водителка во хотелот „Мишн ранч“ на Иствуд и почнале да се забавуваат во 2014 година.
Тие не сакаа да зборуваат за нивната врска, но Сандера во неколку наврати беше придружничка на Клинт на јавни настани. Таа дебитираше со ѕвездата на црвениот тепих на Оскарите во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.